Заборавете дека трендот завршува, Генерација Z и понатаму најмногу го купува „Адидас“

Иако модните трендови постојано се менуваат, „Адидас“ останува еден од најомилените брендови кај Генерација Z. Новите податоци и модни анализи покажуваат дека младите сè уште најчесто избираат класични и нови модели на брендот.

Иако често се зборува дека трендот на популарни спортски брендови се „смирува“, новите модни анализи покажуваат сосема спротивна слика – Генерација Z и понатаму масовно го избира „Адидас“.

Според модните извештаи и анализи за 2026 година, младите не се откажуваат од брендот, туку напротив го прошируваат својот избор – од класични модели како Samba, до нови и хибридни дизајни како TaekwondoTokyoи Superstar II, кои повторно стануваат популарни на социјалните мрежи и кај инфлуенсерите. 

Во текстот се истакнува дека Генерација Z повеќе не следи само еден „хит модел“, туку комбинира различни стилови – од минималистички до ретро спортски дизајни. Оваа разновидност е една од причините зошто „Адидас“ останува доминантен бренд во нивниот избор. 

Модните експерти посочуваат дека клучниот фактор е комбинацијата на удобност, носталгија и препознатлив дизајн, што го прави брендот постојано актуелен. Дополнително, соработките со познати имиња и враќањето на старите модели дополнително ја зајакнуваат неговата позиција кај младата публика. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни