Експерти за конзервација од Франција ќе помогнат во конзервација на старите ракописи

Оваа мисија ќе овозможи продлабочени размени помеѓу експертките од БНФ и конзерваторите при НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Државниот архив на РСМ и Музејот на современата уметност

Јовица Никчевски, Директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Зорица Јаковлевска-Спировска, конзерваторка и координаторка на проект, официјално ја отворија првата мисија, со европска поддршка, на г-ѓа Тамара Кувал и г-ѓа Изабел Бонар, експертки за конзервација при Националната библиотека на Франција (БНФ).

Оваа четиридневна мисија ќе овозможи продлабочени размени помеѓу експертките од БНФ и конзерваторите при НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Државниот архив на РСМ и Музејот на современата уметност – Скопје со цел подобро разбирање на потребите за обука во поглед на заштита и конзервација на старите ракописи и на културно-историското наследство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни