Светското првенство влегува во завршницата: Франција и Англија вечерва за бронза

epa13076737 A supporter of Mexico cheers ahead of the FIFA World Cup 2026 Round of 32 match Mexico against Ecuador in Mexico City, Mexico, 30 June 2026. EPA/JOSE MENDEZ

До крајот на Светското првенство остануваат уште само два натпревари – вечерашната пресметка за третото место и големото финале во недела.

Франција и Англија вечерва од 23 часот ќе играат за бронзениот медал, откако двете репрезентации останаа без пласман во финалето.

Шпанија во првото полуфинале ја совлада Франција со 2-0, додека Аргентина во вториот полуфинален натпревар направи пресврт и ја победи Англија со 2-1.

Натпреварот за третото место доаѓа само неколку дена по болните полуфинални порази, а двете селекции ќе се обидат турнирот да го завршат со медал.

Финалето на Светското првенство ќе се игра во недела од 21 часот, кога за титулата ќе се соочат Аргентина и Шпанија.

Со тоа, Мундијалот влегува во последните два дена, во кои ќе бидат познати освојувачот на бронзениот медал и новиот светски шампион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс