Формиран кризен штаб и отворена телефонска линија за пријавување штети по невремето во Скопје

Екипите на Град Скопје остануваат на терен во текот на целата ноќ, а граѓаните можат да побараат итна помош на дежурниот број 078 207 687.

Силно невреме со ветер и обилен дожд предизвика паднати дрвја, оштетени покриви и сообраќаен метеж низ Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје е целосно мобилизиран и во координација со Противпожарната бригада, ЦУК, МВР и ЕВН. Сите расположливи екипи остануваат на терен за расчистување на последиците и заштита на граѓаните од невреме во Скопје.

Невремето што го зафати Скопје донесе силен ветер и обилен дожд, што предизвика сериозни материјални штети во повеќе градски населби. Ветерот падна десетици дрвја и гранки на коловозите, а на повеќе локации беа оштетени и покриви на објекти, што доведе до прекини и хаос во сообраќајот.

Поради настанатата ситуација, Град Скопје отвори директна телефонска линија каде што граѓаните можат да пријават штети или да побараат итна помош од градските служби.

Сите граѓани на кои им е потребна поддршка или се наоѓаат во итна состојба можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687.

Екипите на јавните претпријатија ќе останат на терен во текот на целата ноќ за да интервенираат на сите критични локации каде што има потреба. Координацијата се одвива преку Кризниот штаб во соработка со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, ЕВН и Противпожарната бригада на Град Скопје. Ѓорѓиевски апелираше до граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на надлежните служби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс