Четвртото издание на „Фестивалот за современа музика“ ќе донесе три концерти во Штип

Четвртото издание на „Фестивалот за современа музика“ ќе се одржи од 12 до 14 мај во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, со три камерни концерти.

Од 12 до 14 мај, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип ќе се одржи новото издание на „Фестивалот за современа музика“, со настапи на домашни и странски уметници.

Четвртото издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика“ ќе се одржи од 12 до 14 мај во Штип, во Уметничката галерија „Безистен“. Годинешната програма е посветена на промоција на домашното и светското современо музичко творештво и исполнителство, преку три камерни концерти со реномирани уметници и млади музичари.

Фестивалот ќе биде отворен на 12 мај со концерт на камерниот состав „Трио Академико“, кој годинава одбележува 15 години концертна активност на класичната сцена. Составот го сочинуваат Златка Митева на флејта, Бранко Павловски на кларинет и Наташа Трбојевиќ на пијано.

На втората концертна вечер, на 13 мај, ќе настапи американското дуо Вилијам Блејни, кларинетист и диригент, и Пет Такахаши на ес-кларинет, кои доаѓаат од САД. Тие ќе настапат со ансамбл кларинети, носејќи програма што вклучува нови и свежи музички дела, меѓу кои и премиерни изведби.

Фестивалот и оваа година ќе им даде простор на младите уметници преку програмата „Вечер на подиум на млади“. На третата концертна вечер, на 14 мај, ќе настапат студенти на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Организаторите посочуваат дека можноста младите музичари да настапат на професионална сцена е важна за нивниот уметнички развој и за афирмација на почетокот на концертната кариера.

„Фестивалот за современа музика 2026“ се одржува со поддршка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Министерството за култура и туризам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс