На 30 и 31 мај во Кино Фросина ќе се одржи Фестивал на детски мјузикли, настан исполнет со музика, танц, глума и емоции.
Повеќе од 50 деца и млади на возраст од 12 до 18 години, преку песна, танц и глума, ќе ја раскажат безвременската приказна „Убавицата и Ѕверот“ — приказна за љубовта, прифаќањето и убавината што живее во срцето.
Организаторите ја повикуваат публиката да биде дел од оваа сценска авантура, да пее заедно со младите изведувачи и да се забавува со необичните жители на замокот.
Настанот најавува волшебен замок, талентирани млади изведувачи, познати музички нумери и приказна што ги допира сите генерации.
Мјузиклот е преведен и препеан на македонски јазик, а препевот е на Весна Малинова.