Фестивал „Домување за сите“ во Паркот на Франкофонијата

Оваа сабота во 12.00 часот во паркот на Франкофонија во Скопје ќе се одржи фестивалот „Домување за сите“.

„Ќе ги отвори прашањата поврзани со домувањето и потребите на младите, родовата перспектива во домувањето, правата на потстанарите, безбедноста и сигурноста во домувањето, одржливото домување, граѓанското учество во донесувањето одлуки, како и многу други важни теми“, велат организаторите.

Воведни излагања ќе имаат Ивана Вучкова од Фондација Фридрих Еберт,Маја Сталеска од Организација за домување и станари, Дан Никандер – Меѓународна унија на станари и Алисија Смедберг, Шведска унија на станари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс