Општина Центар на 9 мај 2026 година во Паркот на Франкофонијата во Скопје организира настан „Нож и вилушка на европската чинија” – еднодневен фестивал на европска гастрономија, музика и култура со слободен влез, во чест на Денот на Европа.
Гастрономија и европски кујни на едно место
Настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и кулинарски традиции до скопската публика. Учесниците ќе ги претстават своите специјалитети, а Паркот на Франкофонијата ќе се претвори во простор за дружење, размена и уживање во европски вкусови, според организаторите.
Музичка програма за сите генерации
Вечерта ја затвора Куку Леле, а програмата ги вклучува и Поточиња, In The Mood, DJ Carlito, Via Skopje и DJ Александар Јорданов. Организаторите najавуваат и содржини за најмладите на почетокот од програмата.
Дел од Програмата за култура на Општина Центар
Настанот е составен дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Влезот е слободен.