На прес-конференцијата, организаторите ги претставија визијата и значењето на овој фестивал за културниот живот на Скопје.
Министерот за култура и туризам, Седат Сулejмани, го поздрави организирањето на Фестивалот „Чаршија”, истакнувajки jа важноста на поддршката на иницијативите што ги промовираат уметниците, културата и културното наследство. Тој оцени дека овој фестивал носи нова димензија во културниот живот на Чаир и Скопje, поврзувajки го богатото наследство на Старата чаршиja со современото творештво и придонесувajки за развојот на културниот туризам.
„Како министер за култура и туризам, ќе jа поддржувам секоja иницијатива коja ги промовира уметниците, jа збогатува културната понуда и придонесува за развојот на културниот туризам”, изjaви Сулejмани.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меxити, истакна дека Интернационалниот фестивал на музика „Чаршиja” произлезе од уверувањето дека културата е еден од темелите врз кои се гради идентитетот на едно место. Тој посочи дека целта на Општината е овоj фестивал да се развива низ годините и да прерасне во значajна културна манифестациja за Скопjе и регионот.
По прес-конференциjaта, присутните ги посетиja просториите на Куршумли ан и Сули ан, каде што ќе се одржат фестивалските вечери. Овие историски простори, кои низ вековите биле место на средба на различни култури и традиции, во текот на четири вечери ќе пречекаат познати уметници од земjaва и од светот.
Публиката ќе има можност да проследи богата уметничка програма со класична музика, опера, фламенко и корчански серенади, создавajки уникатно културно доживуvawe во срцето на Старата чаршиja.
Интернационалниот фестивал на музика „Чаршиja” претставува почеток на една нова културна традициja за Чаир и Скопjе, со амбициja да прерасне во една од наjзначajните уметнички и културни манифестации во градот.