Езерото „Младост“ небезбедно: Повторно откриени токсични цијанобактерии

Анализите покажуваат цијанобактерии во езерото Младост кај Велес. Водата е забранета за капење поради ризик од токсини.

Водата во езерото „Младост“ кај Велес и понатаму не е безбедна за користење, откако најновите анализи потврдија присуство на цијанобактерии и потенцијално опасни токсини.

Според извештајот на Центарот за јавно здравје – Велес, водата останува забранета за капење и рекреација сè додека не се потврди целосно отсуство на цијанобактерии и цијанотоксини.

При санитарно-хигиенскиот увид, стручните лица констатирале сериозно влошување на состојбата, со видлива појава на алги, пена и густи наслаги од биомаса со жолто-кафеава боја кои покриваат делови од крајбрежјето.

„Водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се извршат дополнителни испитувања“, предупредуваат од Центарот за јавно здравје.

Надлежните посочуваат дека е потребна дополнителна стручна анализа за да се утврди дали водата повторно може да биде безбедна за граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс