Познато е каде ќе се одржи Евровизија 2027
По историската победа на пејачката Дара, која на Бугарија ѝ ја донесе првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија. Бугарија првпат победи на Евровизија со песната „Бангаранга“, која ја освои публиката низ Европа и ѝ донесе на земјата домаќинство на следното издание на натпреварот. За разлика од вообичаената практика, овојпат нема да има натпревар меѓу бугарските градови. Генералната директорка на јавниот сервис БНТ, Милена Милотинова, по победата порача: „Добредојдовте во Софија следната година“. Инфраструктурата пресуди во корист на Софија Софија од почетокот беше најизгледен избор за домаќин. Главниот град на Бугарија има околу 1,3 милиони жители, најголем аеродром во земјата, доволно хотелски капацитети и сала што може да ги исполни условите на Европската радиодифузна унија. Како главна можна локација се споменува „Арена Софија“, која има повеќе од 10.000 седишта, доволно висок таван за сложена сценска продукција и големи помошни простори за организација на настан од ваков формат. Доколку самата сала не може да ги покрие сите потреби, новинарскиот центар би можел да биде сместен во блискиот „Софија тех парк“. Софија е и најдобро меѓународно поврзан бугарски град. Аеродромот работи цела година, а во главниот град се наоѓаат и најважните продукциски куќи, медиумски структури и државни институции. Бургас остана само можна алтернатива Како можна алтернатива се споменуваше и Бургас, град на брегот на Црното Море. Иако би понудил атрактивна морска сценографија и поинаква атмосфера за натпреварот, неговиот главен недостаток е помалиот аеродром и ограничениот број летови надвор од туристичката сезона. Токму инфраструктурата, транспортната поврзаност и капацитетите ја направија Софија логичен избор за домаќин на Евровизија 2027.
По историската победа на пејачката Дара, која на Бугарија ѝ ја донесе првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија.
Бугарија првпат победи на Евровизија со песната „Бангаранга“, која ја освои публиката низ Европа и ѝ донесе на земјата домаќинство на следното издание на натпреварот.
За разлика од вообичаената практика, овојпат нема да има натпревар меѓу бугарските градови. Генералната директорка на јавниот сервис БНТ, Милена Милотинова, по победата порача: „Добредојдовте во Софија следната година“.
Инфраструктурата пресуди во корист на Софија
Софија од почетокот беше најизгледен избор за домаќин. Главниот град на Бугарија има околу 1,3 милиони жители, најголем аеродром во земјата, доволно хотелски капацитети и сала што може да ги исполни условите на Европската радиодифузна унија.
Како главна можна локација се споменува „Арена Софија“, која има повеќе од 10.000 седишта, доволно висок таван за сложена сценска продукција и големи помошни простори за организација на настан од ваков формат.
Доколку самата сала не може да ги покрие сите потреби, новинарскиот центар би можел да биде сместен во блискиот „Софија тех парк“.
Софија е и најдобро меѓународно поврзан бугарски град. Аеродромот работи цела година, а во главниот град се наоѓаат и најважните продукциски куќи, медиумски структури и државни институции.
Бургас остана само можна алтернатива
Како можна алтернатива се споменуваше и Бургас, град на брегот на Црното Море. Иако би понудил атрактивна морска сценографија и поинаква атмосфера за натпреварот, неговиот главен недостаток е помалиот аеродром и ограничениот број летови надвор од туристичката сезона.
Токму инфраструктурата, транспортната поврзаност и капацитетите ја направија Софија логичен избор за домаќин на Евровизија 2027.