Европските берзи денеска го завршија тргувањето со пад, поради зголемената загриженост на инвеститорите околу геополитичките тензии меѓу Соединети Американски Држави и Иран, како и политичката нестабилност во Обединето Кралство. Како што пренесува CNBC, дополнителен фактор за падот е и кризата во британската влада, каде премиерот Кир Стармер се соочува со сè поголем притисок во рамки на Лабуристичка партија.
Паневропскиот TOXX 600 падна за 1,0%, германскиот DAX за 0,9%, францускиот CAC 40 за 1,6%, а британскиот FTSE 100 за 0,1%. Италијанскиот FTSE MIB и шпанскиот IBEX 35 исто така забележаа пад од 1,4% и 1,6%. Аналитичарите посочуваат дека инвеститорите реагираат на комбинацијата од геополитички ризици и политичка несигурност во Европа, што дополнително го зголемува притисокот на пазарите.