Search

Еве што треба да знаат децата на 5, 10 и 15 години, според експертите

Децата секој ден учат нешто ново, а родителите се трудат да ги подготват за се што ги чека кога ќе пораснат. Во истражувањето на Националната детска болница во 2019 година, 63 проценти од родителите кои учествуваа рекоа дека прават се што можат за да ги подготват своите деца за зрелоста.

Newsweek разговараше со тројца експерти за клучните работи што децата треба да ги знаат на три клучни возрасти.

Работи што децата треба да ги знаат до петтата година од животот:
-своето име, име и презиме на родителите, домашна адреса и телефонски број
-како и кога да повикаат брза помош
-како да препознаат опасни луѓе
-безбедноста во сообраќајот
-како да изразат емоции
Работи што децата треба да ги знаат до десетгодишна возраст:
-што носи пубертет
-негативни последици од употребата на оружје
-опасностите од интернетот
-како да се однесуваат кога се сами дома
-како да ги препознаат и регулираат емоциите
Работи што децата треба да ги знаат до 15-годишна возраст:
-како да комуницирате со непознати возрасни лица
-како да го започнат денот самостојно
-како да ги извршуваат домашните работи
-како да креираат своја сопствена содржина
-почитување различни мислења и ставови

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни