Search

Еurope House го одбележува Денот на Европа, 9- ти Мај

Одбележувањето на Денот на Европа, 9-ти мај #EuropeDay2024, Еurope House ќе го одблежи со проектот YouthExpress, „Патуваме низ регионот, пиксел по пиксел“, кој ќе се реалзира во Кратово, Куманово и Крива Паланка.

Првата станица е на 14 мај во 14 часот во Центарот за култура во Кратово, каде младите ќе разговараат за иднина во креативните професии со Percalus Design & Bojan Design.

На 17 мај во 14 часот во Соколански парк Куманово на Мултилингвално поетско матине, посетителите ќе уживаат во поезија на повеќе јазици со Друштво на писатели Куманово пропратени со музика од Номад бенд.

И најпосле на 20- ти мај во 12 часот во Europe House Крива Паланка во амфитеатарот младите Пиксел по пиксел ќе ја сликаат иднината и заеднички ќе создадат жив мурал во пиксели на прозорците на Europe House Крива Паланка во чест на единството и уживаат во концертот на Фолтин во Градскиот парк.

Најново

Последни колумни