Европската Унија и Соединетите Американски Држави потпишаа меморандум за разбирање и договорија акциски план за безбедни и одржливи синџири на снабдување.
Европската Унија и Соединетите Американски Држави во петокот во Вашингтон потпишаа меморандум за разбирање и договорија акциски план за критични минерали.
Меморандумот го формализира стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД за изградба на безбедни и одржливи синџири на снабдување со критични минерали, соопшти Европската комисија.
Документот предвидува билатерална соработка низ целиот синџир на вредност, од истражување, ископување, преработка, рафинирање и рециклирање, до поддршка за иновации, инвестиции и геолошко мапирање.
Соработката ќе опфати и мерки поврзани со понудата и побарувачката на критични минерали.
„Охрабрувачки е да се види како соработката меѓу ЕУ и САД во областа на критичните суровини добива конкретна форма. Визијата е тука – сега вистинскиот тест е спроведувањето, преку претворање на заедничките амбиции во влијателни проекти. Тоа ќе го дефинира нашиот успех“, изјави Шефчович.
Тој додаде дека критичните минерали се важни за индустриите насочени кон иднината.