На 22 септември пристигнува есенската рамноденица, со која на северната хемисфера календарски започнува есента. Во астрологијата, овој момент се поврзува со влегувањето на Сонцето во знакот Вага – период што симболично се поврзува со рамнотежа, односи, компромиси и нови почетоци. Еве како, според астролошките толкувања, есенската рамноденица може да се одрази на секој хороскопски знак.
Овен
Во центарот на вниманието се партнерските односи и важните врски. Овој период ве поттикнува да најдете баланс меѓу сопствените желби и потребите на луѓето што ви значат. Време е да се ставите себеси на прво место, но без непотребно да ги рушите мостовите со другите.
Бик
Фокусот се префрла на здравјето, секојдневните навики и работата. Рамноденицата носи потсетник дека не можете бесконечно да функционирате под притисок. Ова е период за подобра организација, промена на навики и намалување на сè што ви ја троши енергијата.
Близнаци
За Близнаците следува период на креативност, задоволство и страст. Ако во изминатиот период сте биле преоптоварени со обврски, сега е момент да забавите и да најдете време за работите што ве инспирираат.
Во љубовта се отвора простор за нова енергија и повеќе спонтаност.
Рак
Домот, семејството и внатрешниот мир доаѓаат во преден план. Рамноденицата може да ве поттикне да внесете повеќе хармонија во приватниот живот. Можно е повторно да се отворат стари семејни прашања кои конечно бараат решение, но и да донесете одлуки поврзани со домот или неговото уредување.
Лав
Пред вас е поактивен период исполнет со комуникација, кратки патувања и учење. Астролошките толкувања за овој период предвидуваат и враќање на самодовербата.
Искористете ја енергијата за разговори што долго ги одложувате и за јасно да ги кажете своите идеи.
Девица
Рамноденицата го осветлува полето на финансиите и личните вредности. Ова е период во кој можете да размислите како подобро да го организирате буџетот, но и колку го цените сопствениот труд.
Фокусот е на ослободување од материјалните и емотивните несигурности што ве кочат.
Вага
За Вагите започнува нов личен циклус бидејќи Сонцето влегува во нивниот знак.
Овој период во астролошките толкувања се поврзува со силна лична трансформација, помалку угодување на другите и повеќе внимание на сопствените желби и потреби.
Шкорпија
На Шкорпиите им се препорачува повеќе мир, повлекување и време за себе. Овој период може да донесе посилни емоции и потреба за искреност – и кон себе и кон другите.
Рамноденицата е можност да се ослободите од стари емоционални товари и да затворите приказни што ве држат во минатото.
Стрелец
Во фокусот се пријателствата, општествениот живот и плановите за иднината. Ова може да биде период во кој ќе запознаете луѓе со слични идеи и визии.
Добар момент е и за започнување заеднички проекти или конечно реализирање на нешто што долго го планирате.
Јарец
За Јарците рамноденицата носи пресврт во кариерата и професионалните цели. Во центарот се успехот, статусот и прашањето каде сакате да бидете понатаму.
Но, истовремено се отвора и потребата да најдете подобар баланс меѓу професионалните амбиции и приватниот живот.
Водолија
Пред вас се отвораат нови хоризонти. Тоа може да биде преку патување, образование или едноставно преку промена на начинот на кој го гледате светот.
Овој период ве поттикнува да излезете од познатото и да побарате подлабока смисла во работите што ги правите.
Риби
За Рибите следува период на силна емотивна и психолошка трансформација. Рамноденицата симболично ве повикува да се соочите со стравовите што долго ги потиснувате.
Во фокусот можат да бидат и заедничките финансии, долговите и прашањата што бараат расчистување.
Време е за „генералка“ – емотивна, финансиска и лична – и создавање простор за нов почеток.