Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера на јавен собир во Анкара најави мерки за зголемување на наталитетот и прогласи почеток на „Годината на семејството“. Повикувајќи се на „историската вистина дека силното семејство го подготвува патот за силна држава“, Ердоган претстави низа финансиски мерки за поддршка на младите семејства.
Ердоган изјави дека движењето ЛГБТ+ е „дел од странска заверa за ослабување на Турција“.
„Нашата заедничка одговорност е да ги заштитиме нашите деца и младите од штетни трендови и перверзни идеологии. Неолибералните културни трендови ги преминуваат границите и се шират низ сите краеви на светот“, рече Ердоган.
Тој исто така додаде дека „критиката на ЛГБТ веднаш се замолчува, исто како што и легитимната критика на ционизмот“ и дека „секоја личност која ја брани природата и семејството се подложува на тешко угнетување“.
Парада на гордоста е забранета во Турција од 2015 година, а против оние кои се осмелуваат да учествуваат, полицијата користи солзавец и барикади, додека движењата против ЛГБТ уживаат поддршка од државата.
Отсврнувајќи се на „алармантниот“ пад на стапката на раст на населението, одложувањето на склучувањето бракови и зголемената стапка на разводи, Ердоган рече дека Турција „губи крв“ и потсети на својот повик од 2007 година за семејствата да имаат најмалку тројца деца.
Годишната стапка на раст на населението во Турција падна од 2,53 проценти во 2015 година на 0,23 проценти минатата година.
Како мерки против тоа, Ердоган најави безкаматни кредити за младенци, поголеми парични надоместоци за родители на новороденчиња, финансиска, советодавна и станбена поддршка за формирање семејства и бесплатно или евтино чување деца.