Француската авиокомпанија Ер Франс привремено ги прекина летовите кон Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и Ријад во Саудиска Арабија поради безбедносната состојба во регионот, соопшти компанијата.
„Безбедноста на нашите патници и екипажот е наш апсолутен приоритет“, се наведува во соопштението на Ер Франс.
Одлуката е донесена по влошувањето на безбедносните услови во регионот по интензивирањето на иранските напади врз земји од Персискиот Залив, пренесуваат француските медиуми.
Летовите кон Ријад ќе бидат суспендирани до 24 јули, додека повратните летови од саудиската престолнина ќе останат прекинати до 25 јули. Линиите кон Дубаи се прекинати до 27 јули, а летовите од Дубаи кон Франција до 28 јули.
Компанијата најави дека дополнително ќе ја следи безбедносната состојба и ќе одлучи за понатамошните чекори.