Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC) предупреди дека актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго би можела да прерасне во најтешката во историјата, доколку не се стави под итна контрола.
Директорот на Africa CDC, Жан Касеја, изјави дека ситуацијата е сериозна затоа што моментално не се следат десетици илјади контакти на лица заразени со вирусот, што значително го зголемува ризикот од понатамошно ширење.
Тој нагласи дека, ако не дојде до брзо сузбивање на епидемијата, таа може да ја надмине по обем и последици и познатата епидемија во Западна Африка од 2014 до 2016 година, кога беа заразени неколку држави како Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне и починаа повеќе од 11.000 луѓе, како и помалата, но сериозна епидемија во ДР Конго во 2018 година. Според предупредувањето на Африканскиот CDC, моменталната состојба бара итна и координирана реакција за да се спречи неконтролирано ширење на болеста во регионот.