Search

Еколошки денови во Лабораториум

Од 21 до 23 април во Културниот центар Лабораторум во орагнизација на здружението „За Почиста Македонија“ и „Градинарски центар ФОЈА“ ќе се одржат низа еколошки активности. Во недела на 21 април од 12:00 до 17:00 часот се разменуваат семиња за растенија и посетителите ќе се дружат со Artisan Sundays еко работилници подржани од Градинарски центар ФОЈА.

Во понеделник на 22 април од 17:30 до 19:00 часот заедно со здружението “За Почиста Македонија“ ќе се чисти просторот околу аквадуктот на Скопје.

Истиот ден од 19:00 часот па се до полноќ во Лабораториум ќе се организира afterparty со special earth day коктел и вечер исполнета со активности. Тимот на Лаб ќе обезбеди едукативни активности за климатските промени и нивната важност за нашата планета, како и игри и музика за реклаксација и дружење.

Активностите завршуваат во вторник од 19:00 до 23:00 часот со размена на книги од различни жанрови и споделување на убави приказни.

Најново

Последни колумни