Трагедија во Богданци: Две млади лица пронајдени мртви кај изгорен автомобил

Обвинителството издаде наредби за обдукција и вештачења откако телата беа откриени на локацијата кај „Ичева чешма“.

Две безживотни лица се пронајдени денеска во реонот на Богданци, при што едното тело е откриено внатре во изгорен автомобил, а другото непосредно покрај возилото. На местото на настанот се излезени екипи на полицијата и јавен обвинител кои вршат увид за да ги утврдат околностите што доведоа до оваа трагедија.

Според првичните информации од надлежните институции, трагичниот настани е регистриран во реонот кај месноста позната како „Ичева чешма“ во Богданци. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство раководи со увидот на терен заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи.


Засега официјалните детали за идентитетот на жртвите и причините за пожарот и смртта се уште се утврдуваат. Обвинителството издаде наредба за вршење обдукција на двете пронајдени тела, како и за соодветни технички и криминалистички вештачења на изгорениот автомобил со цел целосно расветлување на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс