Два продолжени викенда во октомври: кои денови се неработни

Во октомври 2026 година следуваат три неработни датуми, а граѓаните ќе добијат два продолжени викенда, покажува официјалната програма на неработни денови.

Денот на народното востание, 11 Октомври, годинава се одбележува во недела. Поради тоа, понеделник, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани. Така, викендот ќе трае три дена, од сабота до понеделник.

Следниот празник е 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Бидејќи датумот годинава паѓа во петок, неработниот ден ќе се спои со сабота и недела.

Неработни во октомври ќе бидат 11, 12 и 23 октомври, а двата продолжени викенда ќе бидат од 10 до 12 октомври и од 23 до 25 октомври

е-Трн да боцка во твојот инбокс