До 18:00 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а осум се изгаснати, инфомираат од Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Ѓорче Петров, кај с. Ново Село, каде гори нива со жито и во Општина Сарај, кај с. Копаница, каде гори ниска вегетација.
Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во: Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“ (ниска вегетација); Општина Липково, с. Слупчане (ниска вегетација и жито); Општина Куманово, на ул. „Иво Лола Рибар“ (ѓубре); Општина Гази Баба, с. Трубарево (ниска вегетација и ниска шума); Општина Ѓорче Петров, на ул. „Мице Козар“ бр. 31 (ниска вегетација); Општина Свети Николе, с. Каратманово (ниска вегетација, стрниште, трње и жито); Општина Неготино, с. Корешница (ниска вегетација, трње и ореови дрвни насади);
Општина Демир Капија, помеѓу селата Прждево и Бесвица (ниска вегетација).