Дождот повторно се враќа во Македонија: Еве какво време нè очекува до викендот

Какво време нè очекува во Скопје до викендот? Проверете кога се можни врнежи од дожд, колкави ќе бидат температурите и кои денови ќе има повеќе суви периоди.

По посвежото есенско време, во наредните денови се очекуваат променливи временски услови во Скопје. Денес се можни се локални врнежи од дожд, додека во среда и четврток се очекуваат повеќе суви периоди и температури до околу 14–16 степени Целзиусови. Кон крајот на неделата повторно ќе има повеќе облаци и зголемена можност за дожд.

Среда, 28 октомври: Се очекуваат повеќе суви периоди и повремена облачност. Максималната температура ќе биде околу 14–15 степени.

Четврток, 29 октомври: Умерено топло за овој период од годината, со променлива облачност и дневна температура до околу 16 степени.

Петок, 30 октомври: Ќе преовладува облачно време со повремени сончеви периоди. Температурата ќе достигне околу 15–16 степени.


Викендот, 31 октомври и 1 ноември: Облачноста ќе се задржи, а ќе има и можност за повремени врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат околу 14–15 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс