Search

Донеси цвеќенце – добиј маичка! Силата ЕУ младите во Лабораториум

Во духот на младоста и пролета, СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и културниот центар Лабораториум,
Ве канат на промотивна музичка вечер во чии рамки заедно ќе ја раззеленуваме и
разубавуваме терасата на Лабораториум.

Програмата ќе се реализира во петок на 1 март со почеток во 21 часот во Лабораториум, како дел од активностите на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Вечерта ќе бидат презентирани официјалните маички со кратки ракави, како надополнување на пролетниот естетски став на СИЛАТА. Оваа промотивна вечер ќе ни престави уште еден млад диџеј – Влашки, дел од колективот MINT, со избор на квалитетна и современа македонска музика.

Во духот на заедничка акција, дружење и креирање на нова зелена оаза на терасата на културниот центар Лабораториум, ги повикуваме сите млади и „зелени“ да ни се придружат и донесат било каков тип на цвеќенце во саксија за раззеленување на овој убав простор. Со оваа колективна акција го поздравуваме скорото доаѓање на пролета и во духот на зелената агенда, уредуваме градина во која сите ќе може да уживаме.

На првите 50 посетители кои ќе донесат цвеќе, оргнизаторите им подарат маички со дизајн на СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Дојдете да се забавуваме со добра музика и заедно да креираме ново зелено и убаво
урбано катче во градот, порачуваат од платофрмата Силата ЕУ младите.

Најново

Последни колумни