Трамп со стереотипи за Блискиот Исток: Ако не знаете како се вика некој, кажете Мухамед

Американскиот претседател со реторика за името Мухамед предизвика критики за поттикнување предрасуди кон муслиманите.
Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на собир во Џорџија пред меѓуизборите се потсмеваше со застапеноста на името Мухамед меѓу луѓето со потекло од Блискиот Исток. Говорејќи за ситуацијата во Иран, Трамп пред своите поддржувачи тврдеше дека ако не го знаат нечие име, доволно е да кажат „Мухамед“ за да погодат, изјава што наиде на воздржана реакција кај публиката, но и остри осуди од организациите за граѓански права.

Обраќајќи се пред приврзаниците во хангарот на аеродромот во Далтон, Трамп го искористи собирот за републиканските кандидати за општи квалификации насочени кон муслиманската заедница.

„Знаете, ако не сте сигурни како се вика некој од Блискиот Исток, едноставно кажете ‘Мухамед’“, рече Трамп. Тој додаде дека со тоа има околу 65 отсто шанси за погодок, тврдејќи дека ваквиот пристап го применува со години и дека никогаш не погрешил.

Името Мухамед е меѓу најраспространетите машки имиња во светот. Верниците традиционално им го даваат на своите синови според пророкот Мухамед, основоположникот на исламот.

Коментарите продолжија со осврт кон политичката ситуација во Техеран, при што Трамп тврдеше дека Иран е единствената земја во која никој не сака да биде претседател. На сцената симулираше разговор во кој наводно прашува луѓе со име Мухамед дали сакаат да ја преземат претседателската должност.


Актуелен претседател на Иран е Масуд Пезешкијан, кој ја извршува функцијата од 2024 година. Според извештаите од настанот, присутните во салата реагираа видно воздржано на обидот за хумор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс