Search
По повод Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Кино Фросина во МКЦ

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар, во вторник на 14 мај во 20:00 часот во Кино Фросина ве поканува на бесплатна проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски.

„Ни претставува чест да го одбележиме Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија #IDAHOBIT со филмската приказна на Столевски која се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале“ порачуваат од Коалиција МАРГИНИ.

Филмот е снимен во 2023 година и во него играат Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај, Ајше Усеини. Сценарист и монтажер е Горан Столевски, директор на фотографија Наум Доксевски, а продуценти се: Марија Димитрова, Клаудија Шмиеја-Ростворовска, Анкица Јуриќ Тилиќ, Беата Жежничек, Милан Стојановиќ, Блерта Башоли

Проекцијата е во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“ поддржан од USAID North Macedonia, имплементиран од Коалиција МАРГИНИ, а во партнерство со HERA, Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights и Association for Educational Development – Ekvalis / Еквалис. 

Најново

Последни колумни