Search

Документарниот филм АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА на Столе Попов во петок во Кинотека

Документарниот филм АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА на Столе Попов во петок на 10- ти мај во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотека на Северна Македонија.

Овој фиилм е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање.
Филмот ги има добиено следните награди: Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов во 1976, Тузла, Награда од публиката во 1976, Годишна награда од списанието „Млад борец“, 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковскиљ, а филмот беше и Југословенски кандидат за Оскар во таа 1976 година. Сценариото на филмот е на Божин Павловски.

Најново

Последни колумни