Добри вести за планетата: Најважните еколошки победи од 2026 година

Од comeback-от на европскиот бизон до рекордна обновлива енергија и забрана на PFAS, 2026 донесе причини за оптимизам.

Климатската анксиозност е реална, но 2026 година донесе низа охрабрувачки вести за состојбата на планетата. Од враќањето на диви животни на работ на истребување, преку рекордни заштеди од сончева енергија, до историски договори за заштита на океаните, оваа година покажа дека позитивната промена е можна.

Најголемиот копнен цицач на Европа, кој беше на работ на истребување на почетокот на дваесеттиот век поради лов и уништување на живеалиштата, денес живее во Велика Британија, Романија, Германија, Швајцарија, Полска, Белорусија и Литванија. Според истражување објавено оваа година, враќањето на бизоните носи со себе значајни придобивки за биодиверзитетот и апсорпцијата на јаглерод.

Сончевата енергија заштеди три милијарди евра за еден месец

Анализата на SolarPower Europe покажа дека производството на сончева енергија заштедило повеќе од 100 милиони евра дневно од 1 март, со вкупни заштеди од над три милијарди евра. Инвестициите во обновливи извори се покажаа клучни за заштита на потрошувачите од скоковите на цените на фосилните горива.

Ветерот и сонцето за прв пат ги надминаа фосилните горива во ЕУ

Во 2025 година, ветерната и сончевата енергија произведоа повеќе електрична енергија во ЕУ отколку фосилните горива, според извештај на европски енергетски аналитичари. Станува збор за историска пресвртница во транзицијата кон чиста енергија.

Десет земји вложуваат 9,5 милијарди евра во офшор ветер

Белгија, Данска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Велика Британија ја потпишаа Хамбуршката декларација, со која се обврзаа да испорачаат 100 гигавати заеднички офшор ветерни проекти на Северното Море до 2050 година, доволно за напојување на околу 143 милиони домаќинства.

Франција ги забрани вечните хемикалии

На 1 јануари 2026 година влезе во сила францускиот закон за забрана на PFAS хемикалиите, по повик на повеќе од 140.000 граѓани до нивните пратеници. Станува збор за еден од најсеопфатните регулаторни чекори против овие штетни и постојани загадувачи во Европа.

Историскиот договор за отворените мориња стапи на сила

Договорот за отворените мориња, кој ги покрива речиси половина од површината на планетата, конечно доби правна сила во јануари 2026 година. До негово усвојување немаше правна рамка посветена на заштита на биодиверзитетот во меѓународните води, соопштија меѓународни организации за заштита на океаните.

Габите кои апсорбираат јаглерод влегоа во научниот фокус

Еволутивниот биолог д-р Тоби Киерс ја доби наградата Тајлер за животна средина за 2026 година, вредна 250.000 долари, за своите истражувања за улогата на габите во апсорпцијата на јаглерод. Наградата е честопати наречена „Нобелова награда” за климата.

Гигантски желки се вратија на Галапагос по 150 години

На 20 февруари, десетици хибридни младенчиња гигантски желки беа ослободени на островот Флореана во еквадорскиот архипелаг Галапагос, речиси 150 години откако последните примероци беа отстранети од таму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс