До 2031 ќе има речиси 4.000 милијардери во светот: Каде најбрзо расте екстремното богатство?

Бројот на милијардери глобално може да достигне речиси 4.000 до 2031 година, покажува нова анализа. Технологијата и вештачката интелигенција го забрзуваат создавањето на огромни богатства, додека јазот меѓу богатите и сиромашните продолжува да се продлабочува.

Бројот на милијардери во светот би можел да се приближи до речиси 4.000 до 2031 година, покажува анализа на консултантската куќа Knight Frank, која укажува на забрзано акумулирање на богатство кај најбогатите слоеви на населението.

Според податоците, моментално во светот има околу 3.110 милијардери, а се очекува нивниот број да порасне за околу 25% во следните пет години и да достигне околу 3.915 лица со имот над милијарда долари. Уште понагласен е растот кај таканаречените мултимилионери, лица со богатство од најмалку 30 милиони долари. Нивниот број експлодирал од 162.191 во 2021 година на над 713.000 денес, што претставува раст од повеќе од 300%.

Експертите посочуваат дека главен двигател на ова зголемување се профитите од технолошкиот сектор, особено развојот на вештачката интелигенција, која овозможува брза глобална експанзија на бизниси и капитал. Како што истакнуваат аналитичарите, никогаш досега не било полесно да се создаде големо богатство на глобално ниво, благодарение на дигиталната економија и технологиите кои ги рушат традиционалните бариери.

Иако растот е глобален, најбрзо зголемување на бројот на милијардери се очекува во одредени земји. Саудиска Арабија би можела да го повеќе од удвои својот број милијардери од 23 на 65 до 2031 година. Сличен тренд се предвидува и во Полска, каде бројот би се зголемил од 13 на 29, додека во Шведска растот би изнесувал околу 81%.

Во исто време, податоците повторно го отвораат прашањето за глобалната нееднаквост. Најновите извештаи покажуваат дека помалку од 60.000 луѓе, односно само 0,001% од светската популација, контролираат богатство поголемо од она на најсиромашната половина од човештвото заедно.

Овој тренд укажува дека паралелно со растот на екстремното богатство, јазот меѓу најбогатите и останатите продолжува да се продлабочува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни