До 18:00 часот три активни пожари во Македонија

Под контрола е пожарот во Општина Кавадарци над депонијата во Росоман каде што гори сува трева, велат од ЦУК

Денеска до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е под контрола, а 8 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Пробиштип – атар на с. Плешинци кон с. Стрмош (ниска вегетација, грмушки и ниска шума). Општина Куманово – атар на с. Винце (сува трева) и Општина Петровец – од с. Горно Коњари кон с. Винце (сува трева, грмушки и шума).

Пожар под контрола е во Општина Кавадарци над депонијата во Росоман каде што гори сува трева.

Претходно изгаснати се пожари во општините Могила, Велес, Струга, Куманово, Гевгелија, Врапчиште и Студеничани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс