Центарот за управување со кризи информира дека денеска 15.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, под контрола е еден пожар, а изгаснат е еден пожар.
Активен пожар има во Општина Куманово во месноста викана Пармакови Ниви каде гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во Општина Ново Село, во селото Бајково каде горат ниска вегетација и мешана шума.
Изгаснат е пожарот во Општина Долнени во атарот помеѓу с. Дебреште и с. Ропотово каде горела ниска вегетација.