Центарот за управување со кризи излезе со најновиот пресек на информации за активни пожари на отворено.
Според информациите на ЦУК, денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор.
Од нив, активни се четири, под контрола се три пожари, додека изгаснати се два пожари.
Се уште гори во Општина Студеничани, меѓу селата Морани, Вртекица и Рамни Габер. Покрај овој, актвини пожари има и во општините Македонски Брод, Велес и општина Сарај
Под контрола се пожарите во општините Крушево и Крива Паланка, додека целосно изгаснати се пожарите во селото Парагуша во општина Студеничани, како и пожарот кај православните гробишта во општина Охрид.