DM доби награда за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“

Компанијата dm drogerie markt беше наградена на настанот на „Убавина и здравје“ за својата општествено одговорна платформа „Иднина која инспирира“, која поттикнува граѓански ангажман, волонтерство и поддршка на заедницата.

dm drogerie markt доби награда за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“ на свечениот настан организиран од Убавина и здравје по повод 18 години од постоењето на магазинот.

На настанот, на кој присуствуваа повеќе од 400 гости, беа доделени признанија за компании, иницијативи и поединци кои придонесуваат за развој на поодговорно и подобро општество. dm беше препознаен за платформата „Иднина која инспирира“, чија цел е да ги поврзе луѓето, нивните идеи и конкретните потреби на заедницата.

Screenshot

Платформата овозможува поединци да споделуваат лични приказни за општествен ангажман и преку нив да инспирираат и други да се вклучат во активности од јавен интерес. Воедно, здруженија, институции и организации можат да пријавуваат проекти насочени кон волонтерство и граѓанско учество.

„Во свет каде секоја минута значи, ние во dm веруваме дека највредниот ресурс што можеме да го дадеме е нашето време и енергија онаму каде што навистина е потребно“, изјави Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев од маркетинг тимот на dm Македонија, додавајќи дека платформата е создадена со идеја за поттикнување позитивни промени во општеството.

Пријавувањето лични приказни и проекти ќе трае до 31 јули 2026 година, а проектите што ќе добијат поддршка од dm ќе бидат објавени од септември.

Во рамки на настанот беше поставено и #скрозјас катче, каде посетителите имаа можност да се фотографираат и да добијат подароци, во духот на иницијативата која промовира самодоверба, автентичност и индивидуалност.

Од dm порачуваат дека признанието претставува дополнителен поттик за продолжување на активностите насочени кон создавање позитивни промени преку заедничка општествена одговорност и активна поддршка на заедницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс