Search

Дина Јашари со групата Другари на јубилејниот концерт на Елементал во Загреб

Култниот загребски хип хоп бенд Елементал ќе ја одбележи својата јубилејна 25 годишна кариера на 3 јуни 2023 на стадионот Шалата.

Како еден од најуспешните бендови на овие простори, Елементал во текот на четврт век создаде осум албуми, 40 спотови и 60 милионски прегледи на YouTube. За нивниот успех говорат и 120 илјади следбеници на нивните социјални мрежи, кои неуморно и со задоволство ги следа на нивните 1000 настапи во живо.

На јубилејниот роденденски концерт Елементал ќе ги забавува присутните со едни од најголемите хитови со кои го одбележаа своето досегашно постоење. На стадионот Шалата уште еднаш ќе докажат дека песните како Goli i bosi, Prokleta ljubav, Bolji si, Malena, Zašto te imam, Iz dana u dan или Tako lijepa со право ги добиел едни од најголемите музички награди.

Дина Јашари

Сепак, на големиот спектакл ќе му претстои и настап на младата и талентирана макеоднка ѕвезда Дина Јашари со нејзината група Другари. Како и секогаш, така и овој пат се очекува Јашари целосно да се внесе во секој еден стих, облагородувајќи го со своите вокални способности. Публиката ќе лудува во нејзините изведби, без разлика дали станува збор за поп, рок, соул или џез музички теми.

За успесите на Јашари веќе се зборува на големо ширум Балканот, откако лани во септември ја понесе и регионалната награда „Милан Младеновиќ“ за песната „Дома“. Особено важно е да се потенцира тоа што токму Дина Јашари е првата пејачка која не е по потекло од Србија, а ја освои наградата.

Наградата ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот, а доделувањето на наградите, симболично секоја година, се одржува на роденденот на Младеновиќ, 21 септември.

Инаку, Елементал својата плодна музичка кариера ја почнуваат во далечната 1998 година како трио, но по кратко време тие прераснуваат во бенд од седум члена. Последниот студиски албум „Илица“ го објавија само во дигитална верзија. Но како и обично тие не застануваат тука. Со последните два сингла „Hajde ljubav dođi“ и „Usta na usta“ го најавија следниот студиски материјал.

Најново

Последни колумни