Во петок на 9 август во 21:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, во организација на Europe House Struga ќе се организира Диџеј сет на винили за поддршка на локалните уметници.
„Паркот на поезијата е нашето препознатливо место за забава. Го поддржуваме локалниот талент, и ве покануваме на Диџеј сет на винили. Rootboy Selector, DJ Slave и Chima се момците кои ќе ни овозможат едно несекојдневно искуство, ќе ни пренесат магијата на винилите“ велат од Europe House Struga.