Во вторник дезинсекција против комарци во Скопје, предупредување до пчеларите

Во Скопје на 18 август ќе се спроведува терестична дезинсекција против ларви и возрасни комарци. Пчеларите се повикуваат да ги заштитат пчелите.

На подрачјето на Скопје во вторник, 18 август 2026 година, ќе започне терестична дезинсекција против ларви и возрасни комарци.

Третирањето ќе се спроведува во текот на денот, како дел од активностите за намалување на популацијата на комарци на подрачјето на градот.

Надлежните упатија известување до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите и пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс