Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор.
Од нив дури девет пожари се активни, под контрола се два, додека исто така два пожари се изгаснат.
Се уште е активен големиот пожар во селото Морани во Општина Студеничани, а покрај него активни пожари има и во општините Битола, Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Велес. Могила, Новаци,Струга.
На овие локации најчесто гори ниска вегетација, односно трева и стрништа.
Од ЦУК додаваат дека под контрола се пожарите во општините Делчево и Кичево, додека целосно изнаснати се пожарите во општините Босилово и Јегуновце.