Дешан по елиминацијата: Разочарани сме, Шпанија целосно ја контролираше играта

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, призна дека неговиот тим одиграл под очекуваното ниво во поразот од Шпанија (0:2) и порача дека играчите се разочарани бидејќи целта била финале.

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешан не го криеше разочарувањето по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство, признавајќи дека неговиот тим одиграл под своето вообичаено ниво.

„Играчите се разочарани бидејќи имавме големи амбиции. Мора да признаеме дека технички бевме под нашето вообичаено ниво, а се соочивме со репрезентација која целосно ја контролираше играта. Тоа пред сè е наша вина“, изјави Дешан, пренесе ФИФА.

Францускиот селектор додаде дека неговата селекција не била доволно опасна во нападот и дека техничките грешки при додавањата ја чинеле можности за создавање изгледни шанси.

„Потфрливме и не создадовме доволно опасност пред противничкиот гол. Направивме неколку технички грешки кои можеа да доведат до голови. Тоа е реалноста на највисокото ниво, колку и да боли“, истакна Дешан.

Со овој пораз Франција остана без можност да игра во трето последователно финале на Светските првенства, откако претходно стигна до завршниот меч на Мундијалите во 2018 и 2022 година. Шпанија, пак, со победата обезбеди место во финалето, каде што ќе се сретне со победникот од второто полуфинале меѓу Аргентина и Англија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс