Десет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба, по утрнискиот инцидент кога маж со автомобил намерно влета во група граѓани на францускиот остров Олерон.
Според информациите од француските власти и медиуми, најмалку две лица се во животна опасност.
Нападот се случил во 8:45 часот наутро, кога возачот тргнал на своето лудо возење низ патиштата во триаголникот помеѓу местата Сен Пјер, Долис и Котињер. Автомобилот бил целосно уништен, а силата на ударите покажала дека тој го сторил тоа намерно со сета своја сила.
„Сепак, мотивот не е потврден и истрагата ќе треба да утврди“, изјави јавниот обвинител на Ле Рошел Арно Ларез, посочувајќи дека е отворена истрага за обид за убиство.
Неколку минути по нападот, мажот бил приведен без отпор од жандармеријата додека се обидувал да го запали своето возило.
Во автомобилот биле пронајдени боци со гас, а возилото било само делумно запалено. Тој беше однесен во жандармериската бригада на Сен Пјер Долерон.
Министерот за внатрешни работи, Лоренс Нуњез, објави на платформата „Икс“ дека лично ќе оди на местото на настанот
