Граѓанската иницијатива „СаС“ ги поканува жителите на Чаир да се вклучат во работилницата „Денови на заедничарење“, посветена на естетско и функционално уредување на галеријата во Општина Чаир, позната како „Под отворено небо“.
Како што стои во објавата на нивниот профил, активностите ќе се одржуваат од 29 мај до 3 јуни, а целта е преку заедничка работа, креативност и локално учество да се направи нешто убаво за заедницата.
„Ако имаш малку слободно време и желба за креативна работа, приклучи ни се да направиме нешто убаво за нашата заедница. Важи само за жители од населба Чаир“, се наведува во објавата.
Од иницијативата порачуваат дека работилницата е можност граѓаните директно да придонесат во подобрување на јавниот простор и да учествуваат во создавање поубаво, пофункционално и попријатно место за сите.
Проектот е поддржан од LUCY Skopje преку проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Heartefact Fund, Embassy of Switzerland in North Macedonia.