Денеска на фестивалот „Игор Маџиров“: Куклени и театарски претстави за најмладите

Во рамките на Фестивалот „Игор Маџиров“, денеска ќе се одиграат две претстави кои ќе привлечат внимание како на најмладата публика, така и на нивните родители.

Претставата, „Палешка“, ќе започне во 19:30 часот во Театарот за деца и младинци. Оваа куклена претстава е наменета за деца од 3+ години и доаѓа од Куклениот театар Љубљана, Словенија. Режијата и актерската игра ги потпишува Маја Куншиќ, која заедно со Тајда Липицер ја драматизира приказната. Претставата носи топла и поучна порака за растењето и развојот, каде што едно мало суштество, големо колку палец, се соочува со големи предизвици и ја преиспитува својата поврзаност со светот. Времетраењето на претставата е 40 минути.

Втората претстава, „Тогаш кога се изгубивме“, ќе започне во 11:00 часот во Театар Комедија. Оваа претстава е наменета за деца над 10 години и е продукција на Краљевскиот театар од Краљево, Србија. Авторот Лоте Фаруп и режисерот Дамјан Кецојевиќ донесуваат силна и емотивна приказна за разводот и неговото влијание врз децата. Главните ликови, брат и сестра, се борат да го спасат своето семејство, преземајќи одговорности кои се неприлагодени за нивната возраст. Претставата е вистинска поука за сите семејства кои минуваат низ слични искушенија. Времетраењето на претставата е 75 минути.

Фестивалот продолжува со оваа интересна програма, пружајќи незаборавни моменти на најмладата публика и отворајќи важни теми кои го допираат секојдневието на децата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни