Денеска делови од Скопје без струја: Проверете дали сте на списокот и кога се враќа електричната енергија

Планирани прекини во Гази Баба, Бутел и Кисела Вода, а на некои места ќе траат и до четири часа.

Делови од Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска, 7 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Прекините се во различни периоди:

  • 06:00 – 10:00 часот: Колонија Идризово и дел од Јурумлери во општина Гази Баба.
  • 08:30 – 12:30 часот: селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од Булачани, на подрачјето на Бутел и Гази Баба.
  • 09:00 – 12:00 часот: дел од корисниците на улицата „Антон Димитров“ во Драчево, општина Кисела Вода.

Од надлежните служби се препорачува граѓаните навреме да ги приспособат обврските доколку прекинот на електричната енергија им влијае врз работата или користењето електрични уреди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс