БМВ ги намали прогнозите за 2026 година: Оперативната добивка падна за речиси 30 отсто

Германскиот производител на автомобили се соочува со проблеми на кинескиот пазар и пад на профитот. Компанијата планира забрзување на програмата за штедење, вклучително и намалување на бројот на вработени

Германскиот производител на автомобили БМВ денеска ги намали прогнозите за 2026 година поради кризата на кинескиот пазар и падот на оперативната добивка за речиси 30 отсто во третиот квартал. Истовремено, компанијата планира да ја забрза програмата за штедење, која вклучува намалување на бројот на вработени и побрз премин кон новата генерација електрични автомобили.

Новиот извршен директор Милан Неделковиќ сега очекува оперативната маржа (ЕБИТ) во автомобилскиот сегмент за целата 2026 година да изнесува меѓу минус 0,5 и плус 0,5 отсто, наместо претходно прогнозираните од 1 до 3 отсто, пренесува германскиот деловен неделник „Виртшафтсвохе“.


Приходите на компанијата во третиот квартал од 2026 година се намалиле за речиси шест отсто, на 30,5 милијарди евра. Оперативната добивка пред камати и даноци, пак, паднала за речиси 30 отсто, на 1,59 милијарди евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс