Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, 11 септември, дел од корисниците во Арачиново и Сопиште ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин. Без струја во периодот од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од село Арачиново кои се наоѓаат на патот кон Мојанце, како и корисниците од селата Мојанце и Орланце.
Во истиот период без напојување ќе биде и објектот на пумпната станица Арачиново.
Прекин ќе има и кај дел од корисниците на улица 12 во Горно Соње, во општина Сопиште. Од ЕВН апелираат граѓаните од опфатените подрачја навреме да ги приспособат своите обврски поради прекинот во снабдувањето.