Делови од Скопје денеска, 12 мај, ќе останат без електрична енергија и вода поради најавени интервенции во електродистрибутивната и водоводната мрежа, информира Центарот за управување со кризи.
Според известувањето од ЕВН Македонија, без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците на улица „95“ во Волково, општина Ѓорче Петров. Прекин е најавен и во Сопиште, каде што од 12:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улица „16“ во селото Долно Соње.
Прекини во водоснабдувањето ќе има и во Чаир и Карпош. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека од 09:00 часот, поради интервенција на улица „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“.
Во Карпош, од 09:00 часот до завршување на зафатот, прекин во водоснабдувањето ќе има на дел од булеварот „Партизански одреди“ и околината, поради интервенција на булевар „Партизански одреди“ бр. 48а.
Надлежните најавуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на работните активности.