Делови од Скопје денеска ќе останат без струја и вода поради зафати во електродистрибутивната мрежа и санација на дефект во водоводната мрежа.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, од 08:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Благоја Стефковски“ и дел од булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба.
Прекин во снабдувањето со струја ќе има и во општина Ѓорче Петров. Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „95“ во Волково.
Истовремено, делови од Карпош денеска ќе бидат без вода поради дефект на затворач ф-300 мм на улицата „Женевска“ бб, кај последната автобуска станица на линијата 24, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Женевска“, „Партизанска“ крак 1, дел од „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Стокхолмска“, „Гаврил Лесновски“ и дел од булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот ОН до улицата „Московска“.
Прекинот во водоснабдувањето започнува од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.