Дел од Старата Скопска Чаршија без струја до 13:30 часот

Прекинот ќе ги зафати дел од корисниците на улиците „Покриена Чаршија“ и „Самарџиска“ во Општина Чаир.

Дел од корисниците во Старата скопска чаршија денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени зафати во електродистрибутивната мрежа.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот ќе трае од 07:30 до 13:30 часот, а ќе ги зафати дел од корисниците на улиците „Покриена Чаршија“ и „Самарџиска“ во Општина Чаир.

Снабдувањето со електрична енергија се очекува да се нормализира по завршување на работните активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс