Дел од Маџари денеска останува без струја

ЕВН најави два прекина во снабдувањето со електрична енергија во скопската населба Маџари. Без струја ќе бидат дел од жителите на две улици, во периодите од 8:30 до 11 и од 11:30 до 14:30 часот.

Дел од жителите на скопската населба Маџари денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Град Скопје, прекините ќе ги опфатат дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“, во општина Гази Баба.

Два прекина во снабдувањето со струја

Првиот прекин ќе трае од 8:30 до 11 часот и е поврзан со технички активности во трафостаницата „Маџари 7“. Предвидени се чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловската глава и трансформаторот.

Вториот прекин е најавен од 11:30 до 14:30 часот, поради работи во трафостаницата „Маџари 6“. Активностите ќе опфатат чистење, долевање масло во кабловските глави и трансформаторот, како и проверка на расклопната опрема.

Од ЦУК информираат дека прекините се резултат на планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.


Извор: МИА

е-Трн да боцка во твојот инбокс