Деканот на Филозофскиот факултет, Даниел Синани, физички нападнат во центарот на Белград

Деканот на Филозофскиот факултет, Данијел Синани, бил физички нападнат денес на улица во центарот на Белград

Деканот на Филозофскиот факултет, Данијел Синани, бил физички нападнат денес на улица во центарот на Белград, дознава Нова.рс.

Според сведоци на настанот, напаѓачот го удрил Синани двапати во главата, со коментарот „пи*ко блокадерска“.

„Синани падна на подот од силата на ударот. Му испадна паричникот, кој напаѓачот го зеде“, вели соговорникот на Нова.рс.

Според „Нова“, напаѓачот бил приведен, а Синани се упатил кон Ургентниот центар.

Инаку, Даниел Синани дипломирал, магистрирал и докторирал на Одделот за етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград, каде што моментално работи како редовен професор. Соработувал како гостин-професор и поканет предавач на повеќе универзитети во Србија и во странство.

Тој е професионален консултант за National Geographic Serbia, претседател на Етнолошкото и антрополошкото друштво на Србија, основач и раководител на Центарот за истражување на алтернативни религии.

Синани е долгогодишен претседател на Националниот комитет за нематеријално културно наследство на Република Србија, за време на чиј мандат единствените три културни елементи со потекло од Србија се впишани на листата на УНЕСКО на репрезентативно светско културно наследство – семејната слава, традиционалниот танц коло и пеењето со виолина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс